ФОТО: Тргнале на работа како секој ден - Возачи се фатиле за глава кога си ги виделе возилата
Во населбата Медаковиќ во Белград, возачи се фатиле за глава кога виделе што направиле крадци со нивните возила.
На паркинг во белградската населба завчера засега непознати сторители ги украле сите четири тркала од автомобили кои биле паркирани на паркинг.
Од фотографиите кои ги објави страницата "Мој Белград", може да се види дека возачите кои мислеле дека ќе го видат својот автомобил во иста состојба како и секое друго утро, ги начекале возилата без сите четири тркала, качени на цигли и дрва.
Српското МВР засега се нема огласено за оваа кражба.
14.02.2025 - 08:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа