Познатата српска пејачка: Не сум прочитала книга во животов и не се каам

 

Српската пејачка Злата Петровиќ се омажила на 16 години, веднаш откако завршила со Основно образование.

- Се омажив на 16 години за човек кој не го сакав. Завршив осмо одделение, требаше да продолжам со школувањето, но тоа не се случи. Така беше во тоа време...ако не одиш на училиште, те мажат, изјавила пејачката за српските медиуми.

Злата додала дека во фамилијата во која отишла сите биле добри и ја почитувале, но немало љубов.

- Се беше убаво во тоа семејство, и нека ми простат и тие и тоа момче, но не го сакав. Да не беше тој брак, денес не би била ова што сум, пејачка. Откако побегнав, станав пејачка, иако претходно се плашев дали ќе успеам во тоа, додала таа.

Пејачката признала дека не прочитала книга никогаш.

- Никогаш не сум прочитала книга. Не стигнав со сите обврски, а искрено немам ни желба. Читав лектири кога морав, и тоа е тоа. Размислував и да го продолжам школувањето, ама сфатив дека не е за мене. За мене секој човек е книга која треба да се прочита. Не мислам дека ќе бев попаметна ако завршев некој факултет, рекла Петровиќ, пренесуваат српските медиуми.

 

12.02.2025 - 08:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега