Полицијата на нозе во Скопје: Исчезнаа две деца од различни семејства, но од исто место
Во текот на вчерашниот ден исчезнаа две малолетни деца од иста локација.
Вчера во 22.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј.(45) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината штитеничка А.М.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана.
Еден час порано во 21.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот штитеник Н.С.(13), кој имал здравствени проблеми.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
14.02.2025 - 15:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа