Француската амбасадорка во Софија: Предлогот е сличен на тој што беше изгласан во бугарскиот парламент

 

 

Францускиот предлог вчера пристина во Македонија, а француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин кажа дека тој е идентичен со првичниот кој беше изгласан во бугарскиот парламент, пишува „БГНЕС“.

„Предлогот не се разликува од првиот и ги штити правата на малцинствата, меѓу кои се и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, кој беше изгласан во бугарскиот парламент“, кажа Робин.

Претходно македонскиот премиер Димитар Ковачевски кажа дека предлогот ќе биде јавно објавен на веб-страната на Владата по состанокот со коалиционите партнери.

01.07.2022 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега