Гаши одговори зошто заклетвата ја даде прво на албански

 


На прашањето зошто заклетвата во вторникот во Собранието ја дал прво на албански, а потоа на македонски јазик, новиот спикер на Собранието Африм Гаши одговори дека било техничка работа и „не би сакал да се вовлече во дневна политика со такви мали работи“, а употребата на албанскиот јазик во Собранието, рече, е регулирана во 2008-2009.

-Тој ден беше празник за демократијата во Северна Македонија,  се конституираше Собранието. Тоа е дневна политика и партиите го користат  за некој евтин пи-ар. Јас не би сакал на тоа ниво да се симнам и да коментирам такви коментари. Немам никаков проблем со македонскиот јазик, го учам и зборувам истовремено со албанскиот од моите први години. Немам анимозитет кон македонскиот. Конститутивната седница беше подготвена од службите во Собранието, кои се професионалци и тоа беше технички, можеше прво да биде на македонски, битно е дека се прочита на македонски, додаде Гаши.

На прашањето дали сè уште се залага за „заедница на албански општини во Македонија“,одговори дека тоа било став на генералниот секретар на неговата партија Алтернатива и дека идејата била соработка во сегменти што ги засегаат жителите на тие општини, а темата тогаш, рече се  политизирала и и се дало националистички предзнак.  

-Нема таква конотација со националистички предзнак за федерализација како што сакаше да се прикаже. Никогаш не сме се изјаснувале за федерализација, затоа што тој модел не е компатибилен за оваа држава и затоа политички не сум ја застапувал таа тема, рече новиот претседател на Собранието.

31.05.2024 - 21:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега