Трагедија ја потресе Македонија: Загина 46-годишник, со товарно возило излетал од пат
Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
23.04.2025 - 13:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа