ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на Владата на Кирил Петков

 

Продолжува политичката неизвесност во Бугарија.. Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, соопшти дека утре ќе иницира гласање недоверба на Владата на премиерот Петков.

Заменикот-претседател на партијата, Томислав Дончев, на денешната прес-конференција рече дека иницијативата е резултат на владиниот неуспех на полето на јавните финансии и економската политика.

За да ѝ изгласа недоверба на владата, на ГЕРБ му се потребни 121 глас од 240-те пратеници во Собранието.

Партијата на Борисов има 62 пратеника и за да ја собори актуелната влада му се потребни гласовите на сите пратеници кои се надвор од владеачката коалиција, вклучително и 20-те гласови на пратениците на Трифонов кои пред неколку дена ја напуштија Владата.

 

14.06.2022 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега