„Гледаше во една точка со замрзнат поглед“- Исповед на девојче што го преживеа масакрот во Белград
Децата кои беа сведоци на масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ и нивните родители не можат да се соземат од ужасот што го доживеаја по масакрот што се случи во нивното училиште, пренесуваат медиумите во соседството.
Мајката на една ученичка кој успеала да побегне неповредена вели дека нејзината ќерка и рекла дека погледот на напаѓачот бил „замрзнат“ и дека никогаш не видела нешто слично.
-„Се тресеше, ми рече дека не трепнал, дека гледал во една точка, со празен, замрзнат поглед“, раскажува мајката и додава дека мора да побрза, бидејќи се плаши да ја остави ќерката сама по преживеаниот хорор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа