Голем хаос во Србија: Дојави за бомби во болници, факултети, спортски центри
Во КБЦ Звездара и ВМА, како и во Зоолошката градина во Белград имало информации за подметнати бомби, пренесуваат српските медиуми.
Во тек е евакуација на јавните и спортските институции, трговските центри и факултетите во Нови Сад поради дојави за поставени бомби, стои во написите.
На е-маил адресите на надлежните служби и медиумите била испратена порака во која се вели дека „Бомбите се темпирани да се активираат денеска, во текот на утрото и рано попладне“.
Полицијата е на терен и врши увид во објектите.
19.05.2023 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа