Сообраќајка во Скопје: Автомобил се преврте на раскрсница
Сообраќајна несреќа утрово се случила во Скопје, на крстосницата меѓу булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“ во Општина Аеродром.
Во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното марка „Опел“ е превртено на страната каде што е возачкото место.
Засега нема информации за повредени лица и за причините за сообраќајката.
28.04.2025 - 11:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа