Грција ги промени правилата за влез во земјата
Од понеделник во Грција стапува во сила мерката за задолжителен тест на деца постари од шест години.
Исто така, граѓаните на Црна Гора ќе можат да влезат во земјата со негативен тест не постар од 72 часа или потврда за вакцинација.
Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас соопшти дека одлуката стапува во сила на 7 јуни, јавуваат грчките медиуми, пренесуба Б92.
Во карантин од 10 дена ќе мораат да влезат сите кои на границата ќе бидат позитивно тестирани.
На отворено ќе биде дозволено да шетаат група од 20 луѓе со водич.
Во однос за влез со потврда за вакцинација, ќе може да се влезе со која било вакцина, но последната доза мора да биде примена најмалку 14 дена пред влезот во земјата.
Доколку не сте вакцинирани морате да имате ПЦР тест не постар од 72 часа. А ако сте го прележале коронавирусот треба да дадете на увид потврда дека сте боледувале од вирусот во период од 2 до 9 месеци пред влезот. Тоа се потврдува со тогашен позитивен ПЦР или антигенски тест преку кој е дијагностициран вирусот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа