Грк украл две ампули Фајзер од центар за вакцинација во Атина
Грчката полиција вчера уапсила 42-годишен маж, кој од центар за вакцинација во западниот дел на Атина, откако ја примил вакцината украл две ампули Фајзер, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, откако, сега веќе уапсениот, завршил со вакцинацијата, медицинските лица констатирале дека недостигаат две ампули од вакцината и веднаш ја известиле полицијата, додека пак според други медиуми во Грција, болничарот кој ја забележал кражбата побарал од лицето да ги врати вакцините, а 42-годишниот без да создаде дополнителни проблеми го сторил тоа.
Извори од полицијата за медиумите рекле дека станува збор за лице корисник на дрога, кој и во минатото бил апсен и ѝе познат на полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа