Хакери објавија податоци за албанскиот премиер Еди Рама
Ирански хакери веќе 14 месеци ги напаѓаат албанските владини системи, а сега објавија податоци за албанскиот премиер Еди Рама.
Меѓут објавените податоци се и личната карта, пасошот, адресата на живеење и други податоци, но и детали за патувањата на Рама.
Рама патувал 394 пати, и тоа најчесто со авион, но и со автомобил преку Грција или Македонија, а најчеста дестинација му била Турција со скапи чартер летови.
Хакерите ги објавуваат овие детали кога во посета на Тирана е претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.
27.10.2022 - 21:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа