Хакиран Инстаграм профилот на Бигорскиот манастир

 


Бигорскиот манастир на својата страна на Фејсбук соопшти дека е хакиран Инстаграм профилот на манастирот.

„Почитувани наши следбеници на социјалните мрежи, Ве известуваме дека нашиот официјален манастирски профил на Инстаграм е хакиран и во моментот нашето братство нема пристап до него, стои во објавата на страната на манастирот на Фејсбук.

Во меѓувреме, се додава, ги преземаме сите законски мерки за негово востановување.

03.02.2025 - 09:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега