Коцевски за прегазувањето на Фросина: Се истражува дали Васил несреќата ја извршил со умисла или во небрежност
Со умисла или небрежност. Јавните обвинители истражуваат како 20-годишниот Васил Јованов ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на Партизанска.
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во гостувањето на ТВ21 рече дека сите фактори ќе бидат внимателно разгледани.
-Јавниот обвинител ќе испита дали постои можност за умислено дејство, особено ако се утврди дека возачот бил под влијание на алкохол, нема валидна возачка дозвола, возел многу повеќе од дозволената брзина и прекршил правилата со поминување на црвено светло. Сите овие фактори ќе бидат внимателно разгледани во текот на постапката, рече Коцевски.
Според него, во повеќето случаи, кривичните дела во сообраќајот се резултат на небрежност, што го потткнува потребниот акцент на строгост и контрола во оваа област.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа