Хаос на турска граница: Во ракетен напад ранети се повеќе лица
– Турски војник и четворица полицајци се ранети во вчерашната експлозија на ракета истрелана врз турско-сириската погранична провинција Килис, јави државната агенција Анадолија.
Во извештајот на агенцијата се вели дека ракетата погодила област во близина на граничниот премин, но не се дадени дополнителни детали.
Претходно Сириските демократски сили (СДФ), контролирани од Курдите, најавија дека ќе возвратат на воздушни напади на турските воени авиони.
Турското Министерство за одбрана рано денеска потврди дека извршило воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа