Хаос во Словенија: Силно невреме и голем број поплави

 

Во Љубљана синоќа за кратко време наврнаа 88 литри дожд на метар квадратен, што е нешто што се случува еднаш во 250 години, пренесуваат медиумите во регионот.

Во Словенија, по силното невреме проследено со силен дожд, поплавени се бројни згради, а само во Љубљана повеќе од 500 згради.

Дежурните служби примиле повеќе од 2.700 повици од граѓани од 20 часот до полноќ.

Улиците се под вода, како и подземните гаражи.

Бројни автомобили беа уништени, луѓето беа заглавени во автомобили, во многу висока вода.

 

30.09.2021 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега