Хорор во Грција: Маж ја избодил 14 пати сопругата и се обидел да се самоубие и да ја запали куќата

 

 

На грчкиот остров Крит, во Ираклион, дошло до тепачка меѓу сопружници по што 30-годишна жена е хоспитализирана со тешки повреди на градниот кош, грбот и горните екстремитети.

Локалните власти соопштија дека жената била избодена 14 пати и дека веднаш била оперирана, пренесува „Катимерини“. Таа моментно е стабилна, но во критична состојба.

Повреден е и нејзиниот сопруг, кој е во тешка состојба, а според медиумите, се обидел да се самоубие и да ја запали куќата, но пожарот го изгаснале соседите.

Грчките медиуми објавија дека 35-годишен маж, по расправија, со остар предмет ја нападнал својата партнерка по што жената истрчала кај соседите, кои ѝ помогнале.

05.06.2023 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега