Хорор во Хрватска: Три момчиња и девојка до смрт претепаа 35-годишен професор
Хрватска е во шок по убиството на 35-годишниот професор по англиски јазик во Економското училиште во Вараждин кој беше претепан до смрт од четворица млади луѓе, меѓу кои и една девојка
Убиениот, кого полицијата го идентификуваше како професор Нико Ченгиќ, бил нападнат и претепан на улица во петокот навечер. Како што пишуваат хрватските медиуми, свирепите насилници го оставиле да крвари на асфалтот. Тој бил пронајден од минувач рано наутро и веднаш пренесен во болница, но вчеравечер им подлегнал на повредите.
Хрватската полиција брзо ги идентификувала напаѓачите и соопшти дека станува збор за четворица осомничени. Станува збор за 24-годишна девојка и тројца машки лица на возраст од 20, 25 и 29 години.
Сите четворица се во притвор и ќе бидат обвинети за убиство. Засега нема потврдени информации за мотивот за убиството, но полицијата истражува дали тие се знаеле од претходно.
Шокирани се и колегите на Ченгиќ.
-Страшно. Децата го обожуваа. Им беше класен на матурантите, изјавил вработен во училиштето за „24сата“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа