Хрватите смислиле нов збор за ќебап - причината бизарна

 

Ќебапите под новото име се служат во еден ресторан во Загреб во пица тесто со француска салата и многу кромид.

Ресторанот во Загреб го претставил гастрономскиот специјалитет – млевенци. Доколку “млевниците“ ве потсетуваат на некое јадење кое веќе постои, во право сте – станува збор за ќебапчиња.

Сопственикот на ресторанот во Загреб истакнува дека за новото име на јадењето се одлучиле за да не се навредат соседите.

– Со оглед на тоа дека БиХ се смета земја на ќебапите, решивме да направиме нешто што би било наше – хрватско. За да не ги навредиме луѓето од соседната држава и да ги викаме ќебапчиња, решивме да направиме – млевенки“, нагласува за еден хрватски портал сопственикот на ресторанот Домогај Делач.

Како што кажува, долго испробувале состојки за “млевниците“ да дојдат до совршенство.

 

– Кај нас млевниците се состојат од свинско и јунешко во размер каде што ќе преовладува јунешкото, како и свински бут кој ќе даде доволно маснотија за млевникот да биде доста сочен, нагласил сопственикот на ресторанот и додал дека млевникот се служи во пица тесто со француска салата и многу кромид.

30.09.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега