Инцидент во Радовиш: 59-годишник со тешки повреди пренесен во штипската болница

 


Вчера во 16.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „4 Јули“ и „Вардарска“ во Радовиш, Ж.Ѓ.(59) од Радовиш, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Штип, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

14.05.2025 - 13:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега