Исклучително бил опасен - на српско-хрватската граница забележан пантер, објавено предупредување
Кај Апатин, град на границата на Србија и Хрватска, виден е црн пантер, потврди ЈП Војводина шуми и предупредија дека станува збор за исклучително опасно животно. Животното претходно го забележале жителите на селото Сонта.
„Јавната компанија Војводина шуми Петроварадин, Шумска управа Апатин, ги известува сите сограѓани дека е забележан црн пантер (леопард) во которот на Општина Апатин. Предаторот е исклучително опасен и на овој начин апелираме до граѓаните да бидат претпазливи за себе и своите најблиски. Ако некој го забележи црниот пантер, треба веднаш да ја извести надлежната полициска станица“, се наведува во соопштението.
Петар Сладиќ, жител на селото Сонта кој го забележал животното од семејството мачки, за новосадски Дневник кажал дека не му е сеедно: „Јас и моите деца често се возиме со велосипеди во околината, по шумата и по полињата“. Вели дека во разговор со еден од тамошните ловци потврдил дека станува збор токму за овој вид.
„Со термален двоглед, кој дава нешто изменета слика, овој ловец го видел животното кое е далеку поголемо од волк, кој исто го нема на нашите простори, но со многу долга опашка која е карактеристична за овие мачки, така што и тој нема сомнеж дека станува збор, во најмала рака, за животно кое не е од нашите простори“, кажа Сладиќ.
Милан Мириќ, сопственик на Зоо Мики, првата приватна зоолошка градина во поранешна Југославија, вели дека за постоењето на оваа ѕверка во Србија нема претходни сведоштва.
„Ако станува збор за црниот пантер кој, според моите неофицијални информации, всушност побегнал од заробеништво во Австрија, сè е можно. Иако станува збор за животно кое го нема на слобода на нашите простори, неговата приспособливост би му овозможила подолго преживување, особено ако има извор на храна. А тоа е она што нашите густи шуми на Подунавје, покрај безбедното засолниште, можат да му го пружат на овој вид предатор“, вели Мириќ.
„Во случај на средба со луѓето леопардот, кој е една од најмалите диви мачки, самиот би избегал, а пред тоа секако би се потрудил никој да не го види“, вели тој.
Црниот пантер е најчесто леопард или понекогаш јагуар, чие крзно е со црна боја. Црните пантери не се посебен вид, туку станува збор за појава која се вика меланизам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа