Ивана беше ѕверски мачена и убиена - Таткото на младата девојка со потресни зборови

 

Младата Ивана Кривокапиќ беше убиена на 2 демекври 2022 година, а нејзиниот татко сеуште е скршен од болка по загубата на своето чедо. 

- Луѓето постојано ми велат, животот оди напред, а не сфаќаат дека за мене тоа е најтажниот дел. Замислувам друг крај, поинаква прегратка...не се ни поздравивме како што треба. Твоите бакнежи и тоа "Се гледаме наскоро тато"...тоа брзо е бесконечно, денот се претвори во ноќ, напиша таткото на убиената млада девојка.

Убиецот на Ивана, Јетмир Гочај од Црна Гора, сеуште е во бегство и после две ипол години од бруталното убиство кое се случи во стан кај Ѕвездара во Србија.

Телото на несреќната 26-годишна девојка го пронајдоа нејзините браќа на 24 Декември 2022, кои откако не им се јавувала на телефон, ја искршиле вратата од станот и ја затекнале мртва на кревет со откопчани панталони и крената блуза.

Таа наводно имала модрици по вратот, повреди на усната, окото и рацете, што укажува на тоа дека се борела со убиецот.

Утврдено е дека убиецот ја задавил со голи раце, ја заклучил во станот и го понел клучот со себе, па со неа објавувал фотографии на социјалните мрежи, за да си обезбеди алиби.

 

23.04.2025 - 08:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега