Мајката на Дамјан неутешна - „Ми го прегази детето мортус пијан па застана да си купи цигари"

 

Со години веќе немам сила, раната на моето срце никогаш нема да зарасне. Сања Мариќ, мајката на прегазениот и усмртен Дамјан Рашевиќ од Србија, со овие зборови ја почнува својата потресна исповест за српските медиуми.

17-годишното момче од Лозница, Србија, беше прегазено во Октомври 2019, од пијаниот возач Ж.М.

Агонијата на семејството трае речиси шест години, а секое судење буди само болка и нови рани. Завршното судење е закажано за 25. април, кога се чека пресуда за убиството на младото момче.

- Дамјан таа кобна вечер се враќал пешки од роденден, бил со двајца другари кога на него налетал возач кој возел возило марка Пежо. Го удрил мојот Дамјан и го носел 20 метри, го отфрлил покрај патот. Кога ми кажаа што се случило во болницата се онесвестив од шок. Еден од другарите само рече „Тетка Сања извини", вели мајката на Дамјан.

Возачот го снимиле и безбедносните камери на една бензинска. Бил мортус пијан, со возилото се залетал право кон трите момчиња, па побегнал. Снимен е на бензинска како си купува цигари по несреќата како ништо да не се случило.

Возачот помина во притвор една година, па беше пуштен да се брани од слобода.

- Имал преку 2,03 промили алкохол во крвта, ни ги уништи животите, а со својот си продолжи нормално, вели неутешната Сања.

Семејството на Дамјан со години чека правда и разврска за случајот.

23.04.2025 - 08:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега