Израелската армија уби 11 луѓе во Либан, а повреди најмалку 83

 

Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека израелските војници денеска застрелале 11 луѓе, а повредиле најмалку 83.

Израелската армија соопшти дека отворила оган кога осомничени лица се обиделе да се приближат до војниците кои се распоредени во јужниот дел на Либан. Помеѓу загинатите има и еден либански војник.

Според планираното Израел денеска требаше да го заврши повлекувањето од јужниот дел на Либан, но Тел Авив тврди дека сè уште не се исполнети условите за прекин на огнот. Тоа значи дека израелската армија ќе остане во јужен Либан, но сè уште не е познато колку време.

Договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах беше потпишан на 27 ноември и во рок од 60 дена требаше да се повлечат израелските војници и припадниците на Хезболах, а во јужниот дел од земјата да биде распоредена либанската армија.

Претходно Обединети нации соопштија дека сè уште не е безбедно во пограничните региони на Либан за враќање на бегалците. 

26.01.2025 - 15:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега