ЈСП со важно соопштение до граѓаните

 


Од ЈСП информираат дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Работно време на билетарници и центри за персонализација

Во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време.

Во петок (18.04.2025 год.) и недела (20.04.2025 год. ) дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар.

Работно време на Жичница

Жичницата од петок (18.04.2025 год.) до недела (20.04.2025 год. ) ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник (21.04.2025 год.), вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.

17.04.2025 - 16:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега