„Капијата само таа вечер била отворенa“ - Нови чудни работи кои се случиле вечерта кога исчезна Матеј Периш (ВИДЕО)

 

Матеј Периш (27) од Сплит, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград, повеќе од месец и половина го бараат сите, од полицијата, семејството, пријателите до граѓаните.

Во различни групи на социјалните мрежи луѓето секојдневно објавуваат видеа од Матеј. Видеото кое го привлече вниманието на сите е она каде еден дечко ги реконструира настаните од кобната ноќ кога исчезна младиот Сплитќанец.

Креаторот на видеото ја следеше рутата по која се движеше Матеј, а која беше објавена во медиумите од надзорните камери кои ги снимаа движењата на младиот човек. Заедно со тоа видео покажа и многу нелогичности. Судејќи по видеото кое момчето го направи, нова мистерија е тука! Останува да видиме каде е Матеј и дали е жив.

– Денеска се навршува 43-ти ден откако исчезна Матеј. Значи, она што е грешка се скалите по кои Матеј се искачи до улицата Караѓорѓева. Она што го сфативме е училишниот двор во кој втрчал Матеј. Еве го објаснувањето, на видеото се гледа како дечкото истрчува од преминот, но тоа не е премин, туку капија.

Во видеото трча полека, како да нема пречки. Ги проверивме портите, но тие беа заклучени неколку дена, а сега е мистерија зошто портата беше отклучена таа вечер? Како истата ноќ портата беше отклучена, а во другите денови беше заклучена.

Станува збор за две порти кои се заклучени, а на видеото се гледа како тој поминува без никакви пречки, дури не ја ни прескокнал. Тоа не е премин како што се вели, тоа е капија. Новата теорија е дали училишниот чувар го видел Матеј а има прозорец кон кој Матеј мавтал. Прашањето е дали ноќниот чувар можеби разговарал со момчето и можеби тој знае нешто – вели момчето во видеото.

– До него има паркинг и клубови, се е пространо и тоа е делот каде што се качува по скалите. На кого му се јавил Матеј, како поминал низ капијата и дали знае училишниот чувар, ако има нешто, останува мистерија – заклучува момчето во видеото.

Да потсетиме, МВР на Србија неуморно трага по момчето, а во акцијата за пребарување се вклучи и хрватската полиција која двапати била во Белград. Таткото на Матеј, Ненад Периш цело време е во Белград и чека вести за неговиот син кој исчезна во декември.

 

16.02.2022 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега