Ќе фрчат казни: Косовската полиција од утре ќе ги санкционира возилата со српски таблички

 

Српскиот јавен сервис РТС вечерва објави дека полицијата во Приштина потврдила дека од утре во 08:00 часот ќе почне со казнување на возачи од Косово кои имаат српски регистарски таблички со почетните букви на градовите во Косово, пренесе Бета.

„Спроведувањето на одлуката за изрекување казни согласно важечките закони, според проценката и планот на полицијата, се очекува да почне на 22 ноември во утринската смена“, соопшти косовската полиција.

Претходно, Александар Вучиќ и Албин Курти не успеаа да постигнат договор за регистерските таблички, по што Жозеп Борел и Јенс Столтенберг изразија жалење за ситуацијата.

21.11.2022 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега