Конфискувани 75 нелегални вили на Шар Планина на косовска страна
Основниот суд во Пеќ привремено конфискуваше 75 вили во планинското одморалиште Брезовица, меѓу кои и имот на високи политичари, судии и роднини на важни политички личности во земјата. Одлуката за привремена конфискација е донесена поради сомнение дека тие се изградени незаконски, пишува БИРН.
Со одлуката се одобрува барањето на Основното обвинителство во Феризај/ Урошевац донесена по рацијата што беше спроведена на 11 октомври 2022 година. Тогаш десетици полицајци учествуваа во голема операција во Брезовица, во која беа запленети околу 100 згради, меѓу кои и 80 вили за кои имаше сомневање дека се нелегално изградени во националниот парк.
Меѓу 75-те привремено запленети вили се и оние во сопственост на поранешниот лидер на Демократската партија на Косово, ПДК, актуелен пратеник Енвер Хоџај, на тројца судии, меѓу кои и на шефот на судот во Феризај/Урошевац, Мустафa Тахир, судијата на Врховниот суд Агим Малиќи и судијата на Апелацискиот суд, Башким Хисени.
Судот ги заплени и вилите на двајцата браќа на поранешниот претседател Хашим Тачи, кој периодов го чека судењето за воени злосторства во косовскиот Специјален суд во Хаг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа