Ковачевски: Стабилизација на цени кон средината на годината

 

Премиерот Ковачевски очекува стабилизација и намалување на ценовниот притисок кон средина на годината. Во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, говорејќи на таа тема тој, повикувајќи се на експертски анализи, рече:

„Има предвидувања, коишто се различни во светски рамки, тие се разликуваат од институција до институција, сметаат дека кон средината на годината ценовниот притисок ќе се намали. И според она што сме го разговарале и со наши експерти, сметаат дека ценовниот притисок кон средина на годината треба да се намали и да има одредена стабилизација на цените“, вели Ковачевски.

08.02.2022 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега