Крадел од фирмата каде работел - Македонската полиција го фати

 

На 25.03.2025 во 22.30 часот во селото Живојно, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија го лишиле од слобода Т.Н.(42) од селото, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 242 од Кривичниот законик.

При контрола на патничко возило „шкода“ без регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени повеќе пластични туби со нафта и масло за машини за кои постои сомнение дека ги одзел во фирмата во која работи.

Возилото и тубите биле одземени, а лицето било предадено во СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

26.03.2025 - 10:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега