Криза е: Иселениците ни праќаат се помалку пари од странство

 

Пад од 26 проценти ќе забележат приватните трансфери годинава, а на среден рок, според Народната банка, се очекува нивно закрепнување.

– Оваа година очекуваме да забележиме пад кај приватните трансфери, причината е повеќе од јасна – неповолното опкружување и неповолната состојба на меѓународните пазари каде што всушност живеат голем дел од иселениците кои ги праќаат дознаките, рече гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежовска, одговарајќи на новинарско прашање. 

Паѓаат приватните трансфери што доаѓаат преку неофицијалните канали претежно во кеш, но се забележува раст на трансферите преку финансиските канали. Сепак, укажува Ангеловска-Бежоска, првата компонента е важна и ја детерминира вкупната промена.

– Оттука на годишна основа очекуваме пад од 26 проценти, а на среден рок постепено закрепнување согласно со подобрувањето на глобалните услови и постепено враќање на претходните нивоа. Но, навистина очекуваме тоа враќање да биде поумерено имајќи ја предвид се уште високата неизвесност. Нашите проекции всушност се во линија и со тие на Светската банка, која што на глобално ниво проектира пад на дознаките од околу 20 проценти, рече Ангеловска Бежоска, на прес-конференцијата посветена на најновите проекции на Народната банка за состојбите во економијата

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега