Кумановец дал 100 000 денари на лажен полицаец за да ги спаси синот и снаата
Маж и жена од Куманово измамени преку телефоснки повици за наводни сообраќајки.
Вчера во 16.00 часот во СВР Куманово, 66-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2500 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикало сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не одговара кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена односно дека нема никаква сообраќајна незгода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија од МВР.
Еден час подоцна во 17.00 часот во СВР Куманово, 83-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 100.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник му кажало дека неговите син и снаа предизвикале сообраќајна незгода во која прегазиле дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не одговараат кривично. Како што е пријавено, тој ги однел парите на договореното место, а подоцна се слушнал со неовиот син и сфатил дека е измамен односно дека нема никаква сообраќајна незгода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата за другиот случај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа