Лекарските уверенија во Грција ќе се издаваат и електронски
Преку специјалната апликација „MyHealth“, граѓаните во Грција ќе можат електронски да вадат лекарски уверенија, а новата услуга ја презентираа министерот за дигитална политика Кирјакос Пиракакис, неговиот заменик Јоргос Георгадас, министерот за здравство Танос Плеврис и претседателката на електронската платформа за социјално осигурување Ники Цума, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за уверенија што лекарите ги издаваат за спортски активности на граѓаните и други законски намени, а како што беше потенцирано на презентацијата, процедурата е едноставна и лесна.
Лекарот го внесува единствениот матичен број на пациентот и ја одбира конкретната услуга и видот на уверение, по што уверението ќе биде испратено по мејл.
Проверката ќе се врши преку истата апликација, со пребарување на единствениот баркод на самото уверение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа