Македонската економија во слободен пад - колку не чини короната до сега како држава?
Стапката на раст на Бруто домашниот производ во третото тримесечје е -3,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во овој период финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално опаѓа за 1,4 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 проценти.
Извозот на стоки и на услуги номинално е намалено за 6,8 проценти, а увозот на стоки и на услуги бележи намалување во номинален износ од 3,2 проценти.
Најголем пораст е забележан во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство од 5,2 проценти, Градежништвото од 3,4 проценти и во Информации и комуникации од 3,3 проценти.
Рецесија
Ова е втор квартал по ред во кој земјата бележи полоши економски резултати од истиот период во минатата година со што и официјално влегуваме во рецесија.
Само првите три месеци од 2020 година економијата забележала раст. На крајот од првиот квартал и на почетокот на вториот Македонија заедно со остатокот од светот се соочи со ковид пандемијата поради што економијата почна да регистрира забавување.
Близу половина милијарда евра загуба
Според податоците достапни на Државниот завод за статистика Македонија од почетокот на годината до сега има пад на БДП во апсолутен износ од над 450 милиони евра во споредба со минатата година, односно, македонската економија годинава свртела близу половина милијарда евра помалку пари во однос на претходната година. Имајќи ги предвид условите во екот на ковид пандемијата пресметките покажуваат дека без загубените работни места, корона кризата на чинела близу половина милијарда евра во првите 9 месеци од 2020 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа