Меџити: Гасификацијата ќе го ублажи загадувањето од 50 до 70 отсто

 

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес ги прими претставниците на граѓанските организации: Центар за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија, Еко-свест,  Македонско еколошко друштво и Македонско здружение на млади правници што работат на полето на заштита и унапредување со животна средина и климатски промени.
 
На состанокот, министерот Меџите ги информираше за плановите и приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање, но и на Владата за следниот период, како и за можните начини и области за соработка. Меџити пред невладините еколошки здруженија изјави дека е отворен за соработка на сите полиња и секоја добра идеја која доаѓа од нивна страна е добредојдена.
 
Министерот за животна средина и просторно планирање Меџити рече дека веќе се познати причините на загадувањето и дека се работи на решенијата.
 
‘Работиме во правец на изградба на регионални центри за депонирање на отпад, со турска фирма разговараме за постепена гасификација на целата држава, што би придонело на намалувањена загаденоста од 50 до 70 отсто, проект вреден 1 милиарда евра, доделуваме нови 250 милиони евра за општините од кои многу се еколошки проекти, работиме на набавка на електрични автобуси, на менување на такси-возилата со електрични и многу други проекти’, изјави Меџити.  
 
Од друга страна,  претставниците на граѓанскиот сектор ја искористија оваа прилика да ја претстават својата работа и областите од интерес.
 
Заеднички беше ставот помеѓу институцијата и невладините организации постои добрата соработка која и понатаму ќе продолжи да се развива и унапредува.
26.02.2025 - 18:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега