Меџити: Нема преговори за химната и државниот грб, имаме поважни теми
Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека во фокус им е владината програма каде што има утврдени столбови и според него нема преговори за химната и државниот грб.
„Политички договор има за владината програма која што има утврдени столбови како што се економскиот развој, животниот стандард, евроинтеграциите, враќање на правната држава, децентрализацијата. Целосно сме посветени на овие столбови. За друго нема преговарање и нема политички договор, иако нема табу теми’, истакна Меџити.
Одоговарајќи на прашање околу евентуално можно отстранување на текстот на химната, тој нагласи дека „не сака да навлезе за нешто што нема преговори“.
„Мислам дека имаме поважни теми во моментов. Не криеме ништо, кога ќе има нешто, ќе откриеме“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа