Миа со потресен статус: Андреј со срце планина - Молете се за Панчо
Македонската водителка Миа Костова се прости од Андреј од ДНК на социјалната мрежа Инстаграм.
- Срце планина. Си ја отпеа. Траор, ужас, пекол од ден...напиша таа.
Таа напиша и дека состојбата на Панчо е критична.
- Гледам дека објавуваат дека Панчо е вон животна опасност. Панчо е во критична состојба. Наредните денови молете се за него колку и да е тешко и пуштете позитивна мисла. Држи се џуџе, сите сме со тебе!, напиша Миа.
Инаку, во пожарот во Кочани во дискотеката Пулс каде настапуваа ДНК, загинаа 59 лица, а стотина се повредени.
17.03.2025 - 10:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа