Мицкоски: Кој сака во коалиција со нас мора да се согласи за укинување на балансерот

 

Укинување на балансерот кој се користи при вработувањата во јавниот сектор ќе биде еден од условите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе им ги постави на своите коалициони партнери. Лидерот Мицкоски, вчера на промоцијата на партиската програма Платформа 1198 рече дека овој концепт мора да се укине бидејќи дикриминира и не обезбедува најквалитетните кадри да го добијат работното место.

Ова е услов исто така, кој сака да биде во коалиција со идниот убедлив победник на следните избори, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ќе мора да седне и да преговара и да се сложи за укинување на балансерот, затоа што цениме дека е неправичен, дека фаворизира, дека дискриминира, рече Мицкоски.

25.03.2024 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега