Мицкоски: Новото нормално доаѓа од Вашингтон, ние први го запоседнуваме теренот
Премиерот Христијан Мицкоски на прашањето како го коментира тоа што го декларирале како единстевен европски лидер кој аплаудирал на говорот на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и дали земјава оди на линијата на крајна десница, рече дека е дециден дека вистината не треба да се цензурира, посебно кога некој посочува примери за двојни стандарди.
-Не би рекол дека Венс е претставник на крајната десница. Ако некој ја кажува вистината и ако вистината содржи вистински примери каде јасно се прикажуваат двојните стандарди, а тој таму ги кажа примерот со претседателските избори во Романија, неколк услучаи во Британија, Шкотска, Германија,...., тоа нас не треба да не оптоварува и ние не треба да се обидуваме сето тоа да го цензурираме. На вистината треба да и погледате во очи и да барате начин да аргуменирате и да се борите ако таа вистина сакате да ја промените. И тука не треба да сме загрижени, напротив, подвлече Мицкоски.
Во Вашингтон, информира, на најголемиот настан што го приредуваат Републиканците, разговарал со десетици луѓе.
-Таа е линијата, тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и што ќе го преплави светот. Тука нема играње. Ние сме тие што први го запоседнуваат теренот. Тоа е мојот начин на работа, нема втора шанса за прв впечаток. Запоседни го теренот па потоа кој и да дојде, втор, трет се реди позади тебе. Мора да го запоседнеме теренот и да се пронајдеме во новото нормално, тоа е мојата кампања. Од друга страна, мора да кажеме и која е нашата фрустрација и болка. Ако некому тоа му смета што го кажа Венс и мене ми пречи што 20 години не можам ни милиметар да се мрднам не зашто не сум добар, туку зашто некој треба да решава прашања од 10 - 11 век. Не треба да бегаме од тоа, треба да си ја кажеме вистината, може не е убава за слушање, но тоа е тоа. Може да пишувате статуси дека вака или онака ќе направите, но тоа не менува ништо, а ако отидете во тие центри и седнете со луѓето, им зборувате очи во очи, се борите и аргументирате, мислам дека тоа е вистинскит начин. Дали ќе се смени нешто не знам, но јас ќе се борам, во петок одам кај претседателот на Турција на приватен ручек во Истанбил за потврда на стратешкто партнерство меѓу Македонија и Турција, во понеделник и вторник сме во Будимпешта на владина конференција и од таму ќе испратиме пораки. Мора да градиме сојузништво, ова е новото нормално, потенцира претседателот на Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа