Мицкоски од САД во Петровец - Увид на изградбата на патот Катланово-Градманци

 

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.

Овој проект е во должина од 2.400 метри, средства за изградба на овој пат се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит во висина од 12.200.000 денари.

- Исто така започната е и доизградбата на детската градинка втора и завршна фаза со капацитет за згрижување на 70 дечиња. Средствата за овој проект се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија од унгарскиот кредит во вредност од 9.470.000 денари, соопштија од владината прес-служба.

Мицкоски вчера ја најави посетата и на Фејсбук: - Продолжуваме утре со Борче во Петровец. Македонија ќе биде повторно горда и ваша. Се гледаме во Петровец!, напиша тој на социјалната мрежа.

24.01.2025 - 08:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега