Мицкоски по повод Прочка: Вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме со чисто срце
Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце. Овие длабоки гестови не се само обичај, туку силна порака дека никој не е безгрешен и дека секој има можност да покаже добрина наместо гнев, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, по повод празникот Прочка.
-Денес ja одбележуваме Прочка, денот во пресрет на Велигденските пости, кој нè потсетува на големото значење на простувањето, смирението и човечката блискост.
Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме напред со чисто срце, истакна Мицкоски.
Нека овој ден, додава тој, биде поттик да се приближиме едни кон други, да ги надминеме недоразбирањата и да ја зајакнеме вербата во заедништвото.
-Само со меѓусебна почит и искреност можеме да создадеме посилно и поправедно општество. За многу години!, се вели во објавата на Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа