Митева: Само 22 објекти во државата имаат важечка лиценца, 15 се со истечени лиценци
Во текот на 16 и 17 март извршени се 50 контроли во кабариња и диско клубови изјави Марија Митева портпаролката на Владата на денешната прес-конференција .
На цела територија на државата само 22 објекти имале лиценца, 15 лиценци се со истечени лиценци.
Во Скопје 13 објекти, од кои само 2 се со лиценца со важност за кабаре и 8 со истечена, а три објекти немаат никаква лиценца. Во Куманово имаме три објекти со дејност кабаре, сите се со важечки лиценци“, рече Митева.
18.03.2025 - 16:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа