Млад и неосудуван, но пријавуван за насилство – објавени фотографии од сторителот на новиот масакар кај Младеновац

 

 

Уште една трагедија ја погоди Србија доцна вечерта во четвртокот. Младиот Урош Б. од својот мерцедес дивеел во селата кај Младеновац, на 40-тина километри од Белград и по случаен избор пукал во 18 лица, од кои најмалку осум го загубиле животот.

Медиумите во соседството јавија дека убил полицаец (21) и неговата помлада сестра, а „Вечерње новости“ пренесува дека мештаните им рекле дека не бил во кавга со нив.

Соседите велат дека се работи за млад човек кој бил малку чуден, но дека никој не обрнал посебно внимание на тоа. Велат и дека сакал да се шегува со сите и дека никој не можел да претпостави таква трагедија.

„Никогаш лоши зборови“, велат неговите соселани кои со неверување се чудат што им се случило.

 
05.05.2023 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега