Момче се заканувало дека ќе дојде во загрепско училиште со пиштол, интервенирала полицијата
Во едно од основните училишта во западниот дел на Загреб полицијата интервенирала изутрината по превентивна пријава на директорот.
По расправија со другарите, малолетниот ученик телефонски се заканил дека на училиште ќе дојде со пиштол. Училишната управа постапила превентивно и била повикана полиција, но немало причина за паника, тврди директоро на училиштето.
„Никому ништо, се е во ред, моравме да постапиме по протокол и да го пријавиме случајот. Нема причина за паника, изјави директорот на училиштето, додавајќи дека полицијата многу брзо пристигнала по пријавата.
Жителите на загрепската населба се вознемириле, претпоставува директорот, поради запалените ротациони светла на полициското возило кое било пред училиштето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа