Муцунски и Таравари ги посетија македонските пациенти кои се лекуваат во болницата „Пирогов“ во Софија

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, попладнево заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари и министрите за надворешни работи и здравство на Бугарија, Георг Георгиев и Силви Кирилов, ја посетија болницата „Пирогов“ во Софија, каде што се лекуваат дел од македонските пациенти.
Во Бугарија во моментов се згрижени 15 пациенти, што е резултат на директната политичка комуникација со нашите колеги и претставува потврда за солидарноста и силната пријателска поддршка од нашите соседи, за што изразив искрена благодарност, истакна Муцунски.
Муцунски упати благодарност до целиот здравствен персонал, од кој добивме детални информации за здравствената состојба на пациентите.
„Пред семејствата на македонските пациенти нагласив дека македонската амбасада во Софија останува на целосно располагање за секоја нивна потреба во наредниот период“, рече Муцунски .
18.03.2025 - 18:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа