Николоски во Обединетото Кралство - Важни средби и „лов" на инвестиции

 

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.  

Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.

Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји. 

Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена. 

23.04.2025 - 08:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега