Туристи внимавајте - еден куп фалсификувани евра на островот Крит

 

Во екот на туристичката сезона на грчкиот остров Крит се појавило големо количество на фалсификувани евра, објавија локалните медиуми. 

Според првичните оценки на експертите, фалсификуваните банкноти на островот најверојатно пристигнале од Бугарија, но се отпечатени во јужниот дел на Италија. Нивниот квалитет е толку добар што не можат сите контролни апарати да ги откријат и препознаат.

Трговските објекти обично имаат евтини апарати, кои се способни да откријат само лоша копија.

Измамата е откриена во касата на локална филијала на енергетската компанија ДЕИ, кога големо количество на фалсификувани евра дошле во рацете на локален бизнисмен, со кои тој ги исплатил своите работници.

23.07.2014 - 17:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега