Келнер претепал холандски турист - лекарите се борат за неговиот живот

 

Ако некогаш помисливте дека Хрватска се разликува од Балканот, оваа приказна ќе ве разубеди. Холандски турист добил неверојатен ќотек во еден ресторан во Пореч откако му замерил на кленерот дека храната доцни и дека воопшто не е квалитетна. 
Како што пренесуваат хрватските медиуми, келнерот се нафрлил на него и заедно со своите колеги го претепал пред очите на неговата сопруга и двете малолетни ќерки. 
Од тепањето, холандскиот турист заработил потрес на мозокот,фрактури на черепот, отворена скршеница на вилица, скршен нос и неколку скршени ребра. Лекарите неколку часа се бореле да го спасат неговиот живот бидејќи загубил многу крв и повеќе од два часа бил во несвест. 
Случајот ја разбранува хрватската јавност а интервенираше и Влада преку министерството за туризам. Тие се обврзаа дека ќе му ги покријат финансиските трошоци на целото холанско семејство додека престојува во Хрватска, а на сопственикот на ресторанот се заканија дека ќе му ја одземат дозволата за работа на терасата.
По извршените хирушки интервенции, холандскиот турист е добар но ќе мора да остане во болница уште најмалку десетина дена.

23.07.2014 - 23:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега