Господ ги чувал: Со автомобил паднаа во провалија и останаа живи
Четворица Срби имаа среќа што поминаа со полесни повреди откако со автомобил „пежо“ паднаа во провалија над Јаз кај Будва длабока 10 метри.
-Во автомобилот биле девојка и три момчиња, а несреќата се случила ноќта меѓу вторникот и средата, кога возачот на “пежото“ изгубил контрола над возилото, кое потоа паднало во провалијата. За среќа, падот го ублажиле дрвјата, така што никој од патниците не е сериозно повреден. Кој знае што би се случило да излетале од некој друг дел од патот. Прашање е дали некој од нив би преживеал - велат од полицијата.
Патниците се чуствуваат добор и благодарни на Господ кој ги сочувал од сигурна смрт.
- Добро поминавме. Спиев кога излетавме од патот, така што незнам точно што се случи. Имав потрес на мозокот и неколку модрици, ама ќе ми помине, изјавила девојката
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа